Брајтнер и Хенес го растурија 40-годишното пријателство

Паул Брајтнер ги обвини челниците на Баерн, Карл Хајнц Румениге и Ули Хенес, дека се однесувале срамно на петочната прес-конференција кога жестоко критикуваа одредени поранешни и сегашни играчи на баварскиот гигант.

„За моите 48 години со клубот, никогаш не била покажана таква слабост. Со ароганцијата која ја покажаа, ја уништија целата работа. За Ули, Баерн е семејство. Денешните деца во фамилијата ќе кажат дека се срамат од нивниот татко“ – рече Брајтнер.

Брајтнер и Хенес беа соиграчи во Баерн во 70-тите години од минатиот век, кога заедно станаа светски и европски шампиони со Германија, а зедоа титули и во Купот на европските шампиони. Кога Баерн или германската репрезентација гостуваа, тие двајца редовно беа цимери во иста хотелска соба.

- Оглас -

Најнови вести