Откако браќата Тео и Лукас Ернандес заиграа заедно за Франција и со тоа испишаа историја, по завршувањето на Лигата на нациите, каде што со националниот тим го освоија победничкиот трофеј, им се случуваат лоши работи.
Лукас, кој е член на Баерн Минхен, треба да оди во Мадрид, каде што треба да одбере во кој затвор ќе оди. Бекот треба да ја одлежи шестмесечната казна за инцидент од 2017 година за домашно насилство и прекршување на наредба за доближување до неговата поранешна сопруга. Лукас требаше да одработи 31 ден општокорисна работа, но не го стори тоа и сега му се заканува нешто многу полошо, лежење во затвор. Неговите адвокати поднесоа жалба, па останува да се види како ќе се развива случајот.
Другиот брат, Тео, кој игра за Милан и беше стрелец на победничкиот гол за Франција во полуфиналето на Лигата на нациите против Белгија, ќе треба да пропушти неколку меча на Росонерите бидејќи е позитивен на ковид-19.