-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Браќата Костески едногласни: Сакавме да победиме со повеќе разлика против Романија, но и ова е успех

Ненад Костески со голот постигнат во последната секунда донесе победа на Македонија против Романија од 24:23.

„Го дадовме максимумот, сите треба да бидеме среќни и задоволни. Одигравме едно добро првенство. Ја победивме Романија, а освоивме бод против Португалија. Против Романија сакавме да победиме со повеќе голови, но тоа е што е, треба да бидеме среќни и задоволни. Оваа екипа оди напред“, вели стрелецот на победничкиот гол.

Постарниот од браќата Костоски, Никола вели дека Господ на крајот помогнал сепак да ја победиме Романија.

„Прва цел беше да победиме на овој меч, втора цел да имаме повеќе голови разлика. Дојдовме до пет гола, но не успеавме да направиме поголема разлика. Господ на крај ни даде сила да дадеме гол за да се радуваме“, констатираше Никола Костески.

 

- Оглас -

Најнови вести