Бранителот на трофејот и гостинот на турнирот се пласираа во полуфиналето

Репрезентацијата на Мексико без многу проблеми се пласираше во полуфиналето на Голд Купот, откако со 3:0 славеше над Хондурас. Уште во првото полувреме Мексиканците ги решија сите дилеми околу победникот, постигнувајќи ги сите три погодоци.

Мексико кој е актуелен бранител на континенталниот трон во Средна и Северна Америка, само потврди дека и сега е еден од главните фаворити за златото.

Во полуфиналето се пласираше и селекцијата на Катар која на Голд Купот е учесник со покана, односно како гостин. Домаќинот на Светското првенство следната година со 3:2 го победи Салвадор, во меч на кој побендикот имаше предност од 3:0, но на крајот стравуваше за триумфот.

Во првите осум минути Катар даде два гола и на полувреме имаше одлична предност која беше зголемена со пеналот на Алмоез во 55 минута. Салвадор не се предаде и почна силно да напаѓа, што резултираше со два погодоци и тоа во кратко време. Ривас погоди во 63 и 66 минута за намалување на 2:3, но сепак Салвадорците немаа сили и за трет погодок.

Вечерва се играат преостанатите два четвтфинални дуели меѓу Костарика – Канада и САД – Јамајка.

 

- Оглас -

Најнови вести