Бранковски прв ќе ја претстави Македонија на ОИ во Токио

Македонската олимписка експедиција на свечената церемонија во Токио се појави како 50-та претставничка на Летните олимписки игри.

Осум наши спортисти во исто толку дисциплини ќе ја претставуваат Македонија во наредните денови од планетарниот спортски собир, а веќе утре изутрина ќе настапи првиот наш натпреварувач.

Борјан Бранковски ќе учествува во квалификациите за 10 метри воздушен пиштол со почеток во 6 часот наутро. Филип Дерковски истиот ден ќе настапи во квалификациите за 40 метри слободно пливање со старт во 12:50 часот.

На 25 јули во 4 часот наутро, Арбреша Реџепи ќе настапи во женската конкуренција во џудо за натпреварувачки до 52 килограми. Знаменосецот Дејан Георгиевски на 27 јули во 3 часот по полноќ ќе настапи во категоријата таекводно до 80 килограми.

Нашата најмлада претставничка, Миа Блажевска Еминова во квалификациите на 100 метри слободно ќе плива на 28 јули во 14 часот. Јован Стојовски ќе трча на 1 август во 03:45 часот во дисциплината од 400 метри.

Настапот на Пулексенија Јованоска во карате ката е закажан за 5 август во 3 часот по полноќ, додека последниот наш натпреварувач, Магомедгаџи Нуров ќе се бори во категоријата до 97 килограми на 6 август.

- Оглас -

Најнови вести