Брат ќе удри на брат во тренерски дуел што се чека 68 години во Серија А

Филипо Инѕаги ќе му биде домаќин на својот брат Симоне утре, во Болоња, на дуелот со Лацио во Серија А. Братскиот дуел повторно ќе биде во фокусот на Чизмата, а ќе биде прв како тренери на две различни екипи.

Како играчи двајцата познати браќа и поранешни италијански репрезентативци меѓусебе играа осумпати и поуспешен е Филипо со биланс од 3 победи, две нерешени и два порази против Симоне.

Во тренерската кариера има пресврт и подобро му оди на Симоне, кој е тренер на Лацио, клуб со поголем рејтинг и пласман во Серија А. Лацио ќе гостува кај Болоња и ќе ја брани четвртата позиција, која гарантира настап во Лигата на шампионите, а Пипо ќе има тешка задача да го изненади фаворитот од Рим. Болоња се надева на бодови со кои би го избегнала опасниот појас, што зафаќа три екипи кои ќе испаднат од Серија А.

Интересно е што ова е прв тренерски дуел на двајца браќа во Серија А по цели 68 години.

Последни меѓусебе се „пресметаа“ Марио и Џовани Варијен во 1950 година, како тренери на Комо и на Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести