Брацо и Румениге го претставија Перишиќ

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ како позајмен од Интер до 30 јуни 2020 година ќе игра за Баерн Минхен, а тогаш ќе може да преговара и за постојан договор со Баварците.

Перишиќ, кој има 30 години, беше член на селекцијата која лани играше финале на СП во Русија. Тој добро ја познава Бундеслигата, настапуваше за Волфсбург и Борусија Дортмунд. Со Дортмунд во 2012 освои титула, а во 2015 со Волфсбург го зеде купот.

„Среќен сум што се враќам во Германија. Баерн е еден од најголемите клубови во Европа. Ќе атакуваме на сите можни титули, не само во Германија, туку и во Лигата на шампионите“, рече Перишиќ откако ги мина лекарските прегледи.

- Оглас -

Најнови вести