ГРК Охрид ја победи унгарск Татабања со 31-25 во реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп и испиша историја, прославувајќи го својот прв меѓународен трофеј во клупската историја.
Во преполната сала „Билјанини извори“ и околу неа (на паркингот пред салата има видео-бим) се слави големиот триумф и најголемиот успех во историјата на охридскиот екипен спорт.
Откако на првиот дуел во Унгарија, Гладијаторите победија со 29-28, денеска на домашен терен тимот на тренерот Борис Ројевиќ не дозволи да биде пропуштена големата шанса за освојување пехар во европско натпреварување. Сите што играа се јунаци и творци на успехот за целиот македонски ракомет.
Лани Алкалоид го освои ова натпреварување, годинава ГРК Охрид и тоа е потврда дека нашиот клупски ракомет е квалитетен.

