Ако Рикелме стане претседател на Реал Мадрид, нов тренер ќе биде Микел Артета?

Иако ќе биде многу тешко, Енрике Рикелме ќе се обиде да го победи актуелниот предводник Флорентино Перес на претседателските избори во Реал Мадрид на 7-ми јуни, па Рикелме најави дека за време на кампањата ќе каже кој тренер ќе го води тимот следната сезона ако тој биде избран, а ветува и дека веќе договорил две засилувања, еден странец и еден шпански репрезентативец кои сезонава играле во ист тим.

Веќе почнаа шпекулации околу имињата. Рикелме најави дека в среда ќе каже со која странска ѕвезда договорил да потпише за Реал, но веќе се пишува дека за тренер наводно го договорил Микел Артета од Арсенал. Ако победи Перес што во моментов е пореалната опција според анкетите, тренер на Реал ќе биде Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести