Браво Сан Марино: На ЛОИ имаат само петмина спортисти, а освоија три медали

Географски малиот Сан Марино пишува историја на ЛОИ во Токио. Земјата на Апенинскиот Полуостров, која има само 34 илјади жители, освои три медали, иако на ЛОИ го претставуваат само пет спортисти во четири спортови.

Третиот медал за Сан Марино денеска го освои борачот Мајлс Амин во категоријата до 86 килограми. Пред него, со медал се закитија и стрелците Алесандра Перили и Џанмарко Берти.

- Оглас -

Најнови вести