Бразил е веќе на Мундијалот во Катар, но има специјален мотив да го победи Еквадор

Најтрофејната светска репрезентација, Бразил, веќе се пласира на Мундијалот во Катар што ќе се игра годинава во ноември и декември, а вечерва од 22 часот има специјален мотив да го победи Еквадор на гостувањето во Кито.

Ако победат Кариоките, ќе бидат први на светската ранг-листа што ја прави ФИФА и по подолго време ќе ги симнат Белгијците од тронот.

Популарните Црвени ѓаволи се на врвот со серија од речиси четири години, односно од септември 2018 година, но сега имаат три порази на последните четири натпревари и ќе го загубат првото место, на кое ќе биде Бразил ако вечерва го победи Еквадор и потоа Парагвај во квалификациите за настап на СП во Катар.

Моментно разликата меѓу Белгија и Бразил на ФИФА-ранкингот е само два бода.

Current FIFA ranking (top 10):

1. Belgium: 1828.45
2. Brazil: 1826.35
3. France: 1786.15
4. England: 1755.52
5. Argentina: 1750.51
6. Italy: 1740.77
7. Spain: 1704.75
8 Portugal: 1660.25
9. Denmark: 1654.54
10. Netherlands: 1653.73

 

- Оглас -

Најнови вести