Фудбалската репрезентација на Бразил, остана без селектор откако Фернандо Диниз доби отказ и тоа по само 184 дена поминати на оваа функција. Во изминативе неколку месеци, Бразил игра под својот просек и забележа само две победи, едно реми и три порази во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Во овие квалификации Бразил моментално е на шестото место со само седум бодови и прв пат може да биде доведен во прашање нивниот настап на Мундијалот, Кариоките се единствената селекција коај била дел од сите планетарни собири.
До почетокот на овие квалификации Бразил никогаш немал пораз на домашен терен, а со Диниз како предводник загубија и тоа од најголемиот ривал Аргентина со 0:1. Тој е селекторот со трет најлош биланс како предводник кој бил на чело на тимот на најмалку пет средби. Полоши од него биле само Емерсон Леао во 2001 година и Чико Нето кој ја водеше селекцијата во далечната 1923 година.
Диниз нема да остане без работа затоа што тој парарелно беше селектор на Бразил и тренер на Флуминезе.
Torcedores do Fluminense comemoram saída de Fernando Diniz da Seleção ➡️ https://t.co/VKCHMsZHff
📷: Divulgação CBF pic.twitter.com/Ec41bAGJSn
— ge (@geglobo) January 5, 2024