Бразил и Аргентина загубија во иста вечер: Вакво нешто се случило само уште еднаш во историјата

Двете репрезентации кои се сметаат за најсилни во Јужна Америка, воедно и најтрофејни на овој континент, Бразил и Аргентина, синоќа по малку изненадувачки ги загубија своите натпревари од квалификациите за Светското првенство.

Аргентина на домашен терен загуби од Уругвај со 0-2, додека Бразил беше поразен на гостувањето кај Колумбија со 2-1.

Вакво „чудо“, двете најсилни репрезентации од Јужна Америка да загубат во иста вечер, се случило само уште еднаш во историјата, и тоа пред малку повеќе од осум години. На 9 октомври 2015 година по наше време, односно на осми по локално, Аргентина на домашен терен беше поразена од Еквадор со 0-2, додека Бразил со 2-0 загуби на гостувањето кај Чиле.

- Оглас -

Најнови вести