Бразил на Копа Америка ќе игра и со „болен“ дрес

Фудбалската репрезентација на Бразил на некои натпревари од Копа Америка ќе игра во бел дрес, нешто што се нема случено цели 69 години.

Причината што резервната гарнитура никако не сака да им биде со бела боја, лежи во најболниот пораз во нивната историја, во финалето на Светското првенство во 1950 година, кога на својата „Маракана“ пред 200.000 луѓе загубија од Уругвај. Тогаш Бразил настапи во бели дресови со сини детали.

Бразилскиот жолто-зелен дрес е еден од најпрепознатливите во светскиот фудбал, но во таков дрес играат 69 години за да се „заборави“ белиот кој им донесе малер. Годинава тие слават 100-годишнина од освојување на Копа Америка во 1919 година, кога играа во бело, па публиката ќе има ексклузивна можност да го гледа Бразил во бели дресови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести