Бразил не дозволи нов кикс и го растури Парагвај, Колумбија веќе е во нокаут фазата (Видео)

Големиот фаворит Бразил убедливо со 4:1 славеше над Парагвај во меч од второто коло на Копа Америка. Повеќе од половина час траеше отпорот на Парагвај, кога во 31 минута беше досуден пенал, а Пакета промаши. Сепак, неколку минути подоцна, Винисиус Јуниор погоди за водство на Бразил, а потоа беше полесно за фаворитот.

До крајот на првото полувреме Бразил постигна уште два гола. Прецизни беа Савио и повторно Винисиус јуниор. На почетокот на вториот дел Парагвај даде почесен гол, а во 65 минута, Пакета доби втора шанса повторно од пенал и овојпат беше прецизен, поставувајќи го конечниот резултат од 4:1.

Убедлива беше и Колумија кога со 3:0 ја победи Костарика. Дијас од пенал во 31 минута погоди за 1:0, а во вториот дел прецизни беа и Санчес и Кордоба за убедливи 3:0 со кои Колумбија обезбеди место во нокаут фазата од ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести