Бразил отвори со „тројка“ против Боливија, Кутињо даде два гола (видео)

Бразил очекувано го отвори 46-тото издание на Копа Америка, со убедлив триумф против Боливија од 3-0. Кариоките добро се снајдоа без првата ѕвезда Нејмар на отворањето, а на сцената стапи Фелипе Кутињо, од кого се очекува да го предводи овој тим на селекторот Тите. Инаку, ова е петто домаќинство на Бразил, а во претходните четири секогаш ја освојувале титулата на Копа Америка на свое тло.

Иако Бразил доминираше од старт, за првиот погодок се чекаше 50-тата минута, а Кутињо ја затресе мрежата од белата точка. Само три минути подоцна, фудбалерот на Барселона одново беше прецизен, овојпат постигна гол со глава по асистенција на Фирмино. Сите дилеми на средбата ги реши Евертон во 85-тата минута, само четири минути по неговото влегување во игра.

За четири дена Бразил ќе се соочи со Венецуела, а ден порано Боливија ќе игра против селекцијата на Перу. За денес е предвиден еден натпревар, токму од групата А ќе се соочат останатите две репрезентации Венецуела и Перу во 21 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=yB8L74ZtWLU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести