12.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Бразил победи во најдраматичното финале во историјата на Копа Америка (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Бразил ја доби драмата против Колумбија, во финалето на Копа Америка и стана шампион на Јужна Америка. Ова беше најдраматичното финале во историјата, а кариоките имаа повеќе среќа, па на крајот се радуваа на рекордната деветта континентална титула.

По регуларниот дел, резултатот беше 3:3, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути, двата тима постигнаа по уште еден гол за 4:4, па мораше пеналите да го решат победникот во финалето. Дури во седмата пенал-рулет серија, Бразил стигна до победа од 5:4, за голема радост и нова титула за најдобра селекција во Јужна Америка.

А, Колумбија има многу за што да жали во ова финале, затоа што три пати водеше, а на крајот не стигна до златото. Колумбија поведе во 25 минута, а Бразил израмни дури во 45+9 минута од првиот дел.

Во второто полувреме, во 69 минута Колумбија стигна до 2:1, но Бразил израмни во 80 минута. Колумбија повторно поведе во 88 минута, а потоа на сцена стапи легендарната Марта. Шесткратната освојувачка на Златна топка, иако има 39 години, покажа дека е најдобра кога е најпотребно. Марта во игра влезе во 82 минута, а даде гол за 3:3 во 90+6 минута и го спаси Бразил од пораз.

Во продолжението два пати по 15 минути, Марта повторно даде гол за Бразил и овојпат Кариоките прв пат поведоа на мечот со 4:3. Тогаш и Колумбија покажа дека знае да се врати од негатива израмнувајќи преку Сантос во 115 минута.

Во пенал рулетот, по седум серии, Бразил победи со 5:4.

- Оглас -

Најнови вести