Бразилче на 8-годишна возраст потпиша спонзорски договор со гигант! (Видео)

Производителите на спортска опрема се големи ловци на спортски таленти, често им нудат договори за спонзорирање и на деца под 15 години за кои сметаат дека имаат светла иднина, па така Лионел Меси се „врза“ за „Адидас“ кога имаше 15 години, а Нејмар кога имаше 13, додека Родриго од Реал Мадрид беше рекордер со договор на 11-годишна возраст.

Сега границата е поместена уште подолу, па момче по име Кауан Базиле, кој игра за тимот на Сантош за деца до 9 години, потпиша тригодишен договор со компанијата „Најки“.

Базиле потекнува од фудбалско семејство, неговиот татко Андрезињо играше за Коринтијанс, а неговиот дедо Нена играше за Бразил на Светското првенство во 1950 година.

- Оглас -

Најнови вести