2.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

Бразилецот постави антирекорд во Реал Мадрид и тоа за него дефинитивно значи дека ќе мора да си замине

Реал Мадрид влезе во резултатска криза откако три меча по ред игра нерешено во шпанското првенство. Поради тоа што освои само три од можните девет бода во последните три кола, Кралскиот клуб го загуби првото место на табелата, каде што сега е нивниот најголем ривал Барселона.

На последниот меч на Реал на гости кај Жирона, Бразилецот Родриго одигра уште еден слаб меч, на кој израмни еден антирекорд во мадридскиот гигант. Родриго веќе 30 натпревари по ред не може да постигне гол за Реал Мадрид, со што го измрани антирекордот на Мариано Дијас како напаѓач што не постигнал ниту еден погодок на 30 средби во низа.

Во меѓувреме челниците на Реал донеле одлука дека Родриго ќе биде продаден во зимскиот преоден рок и дека ги чекаат понудите за него.

„Понудите што ќе пристигнат за Родриго ќе бидат разгледани. Тој го изгуби својот статус на недопирлив, особено откако достигна очајна бројка од 30 натпревари без постигнат гол – најлошото за напаѓач на Реал Мадрид. Тој го израмни рекордот на Маријано Дијас“, пишува шпанскиот новинар Марио Кортегана.

- Оглас -

Најнови вести