Бразилскиот гигант Сантос одлучи да го смени грбот во чест на големата фудбалска легенда Пеле, кој се бори за живот во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Состојбата на 82-годишниот фудбалски ас, или како што го нарекуваат Кралот на фудбалот, се влошува од ден на ден, па сите се загрижени за неговото здравје и живот.
Пеле имаше операција на туморот на дебелото црево, а од неодамна има проблеми со бубрезите и срцето.
„Пеле е Сантос. Додека нашата легенда не се појави, ние бевме мал клуб без титула во Бразил. Со него станавме славни со шест шампионски круни во домашното првенство и по два триумфи во Копа Либертадорес и во Интерконтиненталниот куп.
https://twitter.com/choquei/status/1606758895304654848?s=20&t=_8KLrJQZy5yOVzOZ6W_NtA
Со промената што ќе биде промовирана на почетокот на идната година на клупскиот грб на Сантос ќе има две ѕвезди и круна, а го симболизира присуството на Пеле, односно на крунисаниот Крал на фудбалот.
Пеле е најтрофејниот фудбалер на Мундијалите со три шампионски круни со Бразил, по триумфите со Кариоките на Светските првенства во 1958, 1962 и 1970 година.
Ниту еден друг фудбалер нема хет-трик на Мундијалите, а дури 20 по двапати ѝ се радуваа на Златната божица.