Спектакл во Санкт Петербург – Бразилскиот Фред Астер пристигна во Зенит, фалеше уште да запее (Видео)

Бразилецот Клаудињо имаше необична промоција како нов играч на рускиот шампион Зенит, а во Санкт Петербург му подготвија цел спот, па фалеше уште играчот да запее.

Во стилот на Фред Астер, Клаудињо танцува во спотот што е искористен за негова презентација.

Зенит го купи Клаудињо од бразилскиот клуб Брагантино и потпиша петгодишен договор со репрезентативецот на Бразил, кој играше во Токио на Летната Олимпијада и освои златен медал со Кариоките.

 

Трансферот според руските медиуми вреди 15 милиони евра, а Зенит доби големо засилување за сезоната што е во тек.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести