Бразилскиот Фламенго неочекувано остана без трофејот во Рекопа Судамерикана откако на свој терен, во драматичен меч, дури по изведување на пенали загуби од Индепендиенте дел Вале од Еквадор. Рекопа Судамерикана е пандан на Суперкупот на Европа и играат освојувачите на двата најзначајни континентални трофеи.
Во првиот меч на кој Индепендиенте дел Вале беше домаќин, еквадорскиот тим победи со 1:0, а на реваншот кој се играше на легендарниот стадион „Маракана“, Фламенго беше голем фаворит за победа. Бразилците се мачеа и 0:0 беше до последните моменти. Се играше 90+6 минута кога Фламенго даде гол за 1:0, што значи дека по двомечот резултатот е 1:1 и мораше да се играат продолженија.
Во дополнителните 30 минути немаше голови, па мораа да се шутираат пенали. Де Араскаета, кој го даде голот за Фламенго во 90+6 минута, прв шутираше и промаши.
🕷️🕸️
pic.twitter.com/6QICQqWWkU— Independiente del Valle (@IDV_EC) March 1, 2023
Фдубалерите на Индепендиенте дел Вале ја искористија оваа психолошка предност и успеаја да ги погодат сите пет пенали, па на крајот да се радуваат на трофејот, за кој беа во улога на аутсајдери.
O GOL DO TÍTULO DO INDEPENDIENTE DEL VALLE
👃👃👃👃👃👃👃👃👃👃 pic.twitter.com/4GMr1L8REf
— ✠Estagiário do V🅰️SCO✠ (@EstagiarioVasco) March 1, 2023