Бразилскиот „Глобоеспорте“ им овозможи на своите жители да си одберат по еден натпревар неделно што ќе се репризира во услови кога фудбалот и во земјата на петкратниот светски првак е во мирување поради пандемијата со Коронавирус.
Вчера најтрофејната фудбалска нација имаше можност повторно да го гледа финалето на Мундијалот во 2002 година, кога Бразил стигна до шампионската круна со победа од 2:0 против Германија.
За 19 април, односно за идната недела, со околу 50 проценти гласови од 100.000 луѓе што гласаа одбран е мечот од финалето во Купот на Конфедерациите против Аргентина игран пред 15 години.
Во 2005 година во големото јужноамериканско дерби Бразил го декласира вечниот ривал со 4:1 со дата гола на Адријано, на Кака и на Роналдињо.
Овој меч победи убедливо пред две останати финалиња на Бразил кои беа понудени во анкетата, а противници беа Шпанија, исто така на Купот на Конфедерации, но во 2013 година и против Германија на ЛОИ во 2016 година.
Интересно е што само еден меч што го има во архивата на „Глобо“ сигурно нема да биде понуден за репризирање, а тоа е дебаклот на Бразилците на домашен терен против Германија на Мундијалот во 2014 година.
Тогаш Кариоките настрадаа во полуфиналето во Бело Хоризонте пред околу 60 илјади гледачи, а поразот од 1:7 е највисок, заедно со дебаклот од Уругвај во 1920 година, кога ривалот славеше со 6:0.