Бразилците дадоа четири гола, но потегот за памтење го направија по мечот

Бразил се пласира во четвртфиналето на Светското првенство откако одигра одличен меч и со 4:1 ја победи Јужна Кореја. Винисиус, Нејмар, Ришарлисон и Пакета погодуваа за Бразил, а Паик го даде почесниот гол за селекцијата од Азија.

Екипата на селекторот Тите го покажа целиот напаѓачки потенцијал, а со влегувањето на третиот голман Велвертон, овој Бразил стана првата селекција во историјата која успеала да ги искористи сите 26-мин фудбалери кои ги имаше на располагање.

По мечот, бразилските фудбалери извадија транспарент на кој пишуваше само „ПЕЛЕ“. Тоа едноставно беше поддршка за легендарниот Пеле, кој е единствен фудбалер во историјата со три титули светски првак.

Пеле, кој има 82 години, моментно е во болница, а медиумите пренесоа дека ситуацијата му е критична. Едноставно, фудбалерите на Бразил не заборавија да покажат респект кон најголемиот, кој пред некој ден упати порака преку социјалните мрежи и од навивачите побара да НАВИВААТ ЗА БРАЗИЛ.

- Оглас -

Најнови вести