23.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Бразилците не се откажуваат од Анчелоти

Челниците на Фудбалската федерација на Бразил повторно ќе се обидат да го убедат актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, да се согласи да биде нов селектор на Кариоките.

Иако Анчелоти веќе јавно ја отфрли можноста да стане селектор на Кариоките и потврди дека планира и следната сезона да седи на клупата на Реал Мадрид, претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригес, изјави дека дека во следните денови ќе има средба со Италијанецот на која ќе се обиде да го убеди да ја прифати понудата.

„Карло е еден од најдобрите тренери на светот. Тој е победник и секој фудбалер што играл за него вели дека им недостасува и дека е најдобар тренер со кого некогаш работеле“, изјави Родригес.

Бразил сè уште е без селектор уште од декември минатата година, кога си поднесе оставка по елиминацијата на Кариоките во четвртфиналето на Светското првенство што се одржа во Катар.

- Оглас -

Најнови вести