Бразилците продолжуваат да „газат“ на СКП, Ривер пропушти шанса за осминафинале (Видео)

Дека бразилските екипи се во фантастична форма на Светското клупско првенство покажа и Флуминенсе, кој со со 4-2 славеше над Улсан од Јужна Кореја и тоа со пресврт. Корејците имаа водство од 1-2 на полувремето, откако токму бразилската екипа прва поведе со 1-0 со фантастичниот гол на Ариас од слободен удар во 27-мата минута.

Во вториот дел следуваше комплетна доминација на Флуминенсе, чии фудбалери трипати ја затресоа мрежата на противникот за убедлива победа од 4-2 на крајот.

Ривер плата иако беше фаворит против Монтереј, сепак, одигра само без голови, 0-0, и пропушти шанса по две кола да се промовира во осминафиналист на клупскиот Мундијал.

Одбраната на Мексиканците беше предводена од Серхио Рамос и на висина на задачата, па ниту 18 удари кон противничкиот гол не беа доволни за екипата од Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести