Исланд крие три нули, дамите од Белгија ќе ги декласираат ривалките од Северна Ирска

2832 Илвес 2 – КааПо (Трета лига Финска, 17.30 часот)

Двете засега најслаби екипи во финската трета лига заедно примија дури 41 гол на 16 меча, односно по 8, колку што одиграа.

Фенерџијата КааПо дури 24 пати ја вадеше топката од својата мрежа, а напаѓачите беа скромни и постигнаа само шест гола, или во просек по еден на меч.

Втората екипа на Илвес е со гол-разлика 10:17 и со 7 бода е претпоследна, само пред денешниот ривал, кој има четири на дното на табелата.

Овие две екипи често играат меѓусебно и на четири од последните пет меча заедно постигнуваа четири или повеќе голови.

Резултатот трипати беше 3:2 за едната или другата екипа, еднаш одиграа 3:1, па очекуваме реприза и барем четири погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.01)

 

6231 Белгија жени – С. Ирска жени (Пријателски меч, 20 часот)

Двете репрезентации се подготвуваат за Европското првенство што ќе се игра во Англија од 6 јули, а за репрезентивките на Северна Ирска ова е последниот тест пред стартот на шампионатот.

За нив ова е историско ЕП бидејќи за првпат ќе учествуваат, но немаат големи изгледи за успех.

Белгија има пореномирана и поквалитетна репрезентација и е голем фаворит на денешниот пријателски меч.

Тие ќе имаат два контролни натпревари до стартот на шампионатот и ќе сакаат со серија победи да пристигнат во Англија.

Предлог тип:1&Т12+(1.35)

 

1290 Брејдаблик – КР Рејкјавик (Прва лига Исланд, 21.15 часот)

Тимот од Рејкјавик е рекордер во Исланд со 27 титули, а ја освои и првата историска во земјата во 1912 година.

Брејдаблик има само една, ја освои во 2010 година, но е на прагот на втората. Екипата од Копавогур е лидер по 10 кола со 27 бода и има голема предност од 8 бода пред Стјарнан, Викингур и Валур.

КР е на шестото место со 16 бода, но е во одлична форма и е без пораз на 8 меча по ред.

Брејдаблик има 10 победи и само еден пораз на последните 11 меча, па ова е дербито на 12-тото коло на две екипи што се во одличен ритам.

Домаќините се фаворити, но исландскиот рекордер и најпознат клуб од оваа земја може да освои еден бод.

Предлог тип: Х (3.95)

 

2860 Грота – Филкир (Втора лига Исланд, 21.15 часот)

Филкир е многу попознат клуб во Исланд од ривалот Грота, а има играно неколкупати во Првата лига и во европските купови како претставник на својата земја.

Грота само еднаш беше прволигаш, во 2019 година, но веднаш испаднаа. Сега се надеваат на нов голем успех и промоција во Првата лига и како што играат, не се без шанси.

Моментно по шест одиграни натпревари, Грота има еден пораз и е на второто место со 13 бода, еден помалку од лидерот Селфос.

Филкир не заостанува многу, на шестата позиција со 11 бода, и ова е второлигашкото дерби на осмото коло во Исланд.

Две екипи ќе се пласираат во Првата лига и секој бод од стартот на шампионатот е исклучително важен, а ние ќе типуваме дека ќе нема победник на стадионот „Вивалди“, на кој се игра на вештачка трева.

Предлог тип: Х (3.55)

 

2861 ХК Копавогур – Кордренгир (Втора лига Исланд, 21.15 часот)

И двата клуба фудбалски се релативно нови, Копавогур постои од 1992 година, а Кордренгир е формиран пред пет сезони.

Копавогур има играно во Првата исландска лига, а и сега амбициите му се пласман во највисокиот ранг на натпреварување.

Со 12 бода е на четвртото место, но и со пет победи на последните шест меча најавува дека амбициите се остварливи.

Копавогур е единствената екипа во Втората лига што сè уште нема реми во првата фаза од шампионатот.

Кордренгир сосема спротивно, во 7 кола има дури четири нерешени дуели, најмногу од сите 12 екипи заедно со Гриндавик.

Имаат 10 бода, но и серија од 7 меча без пораз, па и тука ќе типуваме дека ќе нема победник.

Предлог тип: Х (3.65)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести