Брендон Дејвис постигна 10 поени во победата на Барселона против Фенербахче со 89:63, а со забивањето во последната четвртина на дербито од деветтото коло во Евролигата потсети на легендата Доминик Вилкинс.
Дејвис успеа да му ја пресече топката на Санчакли и следеше вистинска атракција со страшно добро забивање.
Play it again ⏪@Brandon_Davies0 steals it and slams it home with the windmill dunk! #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/ngcqXSi1YH
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 20, 2019
Лани 208-сантиметри високиот центар беше избран во најдобрата петорка на Евролигата, но тогаш како член на Жалгирис.