Брестовац: Добро е што добро се заврши

Селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац беше задоволен од победата над Украина, но потенцираше дека противникот дал достоен отпор.

„Честитки на Украина. Два пати ни дозволија да отидеме на повисока разлика, но се бореа и не стигнаа. Играа скоро цел меч 7 на 6, а на почетокот успевавме да ги неутрализираме, но потоа беше проблем, затоа што треба да се стига на страничните делови. Можам да кажам дека не ги искористивме шансите кои ни се укажаа. Во 40 минути успеавме да држиме контрола на играта и резултатот, но потоа паднавме. Многу сум среќен што на крајот во последната секунда реализиравме и го добивме овој меч. Одличен беше и голманот Митровски кој одбрани многу клучни топки. На крајот, добро е што се добро се заврши“, рече Брестовац веднаш по мечот.

Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко вели дека неговиот тим заслужил да освои барем еден бод.

„Честитки за победата на Македонија, одиграа одлично но мислам дека заслуживме да освоиме барем еден бод. Имаме млад, неискусен тим, но се боревме до крајот. Македонија имаше одличен голман кој бранеше блескаво“, рече Бебешко.

- Оглас -

Најнови вести