Брестовац: Не заслуживме толку убедлив пораз, требаше разликата да биде помала

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, смета дека поразот од Словенија од 10 гола разлика не ја отслискува реалната слика на теренот. Според него, проблем биле техничките грешки во нападот во второто полувреме, иако во финишот на првото полувреме речиси девет минути немавме дадено гол.

„Игравме прилично добро во првото полувреме, но направивме многу технички грешки во вториот дел. Мислам дека конечниот резултат не ја рефлектира реалната разлика помеѓу двата тима. Заслуживме да загубиме со помала разлика“, изјави Брестовац.

Голманот Мартин Томовски се согласи дека Словенија беше подобар противник, но дека поразот е превисок.

„Добро тргнавме во првото полувреме, но во второто полувреме направивме грешки и противникот го казнуваше тоа. Како што кажа селекторот, разликата е голема и нереално превисока. Ќе дадеме сè од себе на следните натпревари и ќе се обидеме да ги изненадиме Русија и Белорусија“, изјави Томовски.

- Оглас -

Најнови вести