Брестовац: Ова ќе биде како мало финале за нас

Македонија ја има првата меч топка за влез во главната фаза од Европското првенство во Виена. Потребна е победа против Чешка, за потоа во третото коло против домаќинот Австрија да се бориме само за подобар старт во главната група, во која ќе бидат борбите за полуфиналето.

Селекторот Данило Брестовац е свесен за тежината на дуелот против Чешка.

„ Нѐ очекува тврд, тежок натпревар, овие натпревари треба да се издржат и ментално и психички и мислам дека во тој поглед нема да имаме проблеми. Натпреварот со Чешка е мало финале за нас, мора да се кренеме и во одбрана и во напад на едно повисоко ниво, се надевам дека може да го направиме тоа. Очекувам поагресивна игра од првиот меч, погусто во одбрана. Треба да ги намалиме и осцилациите во играта што ги имавме на првиот меч против Украина. Ако тие осцилации ги намалиме имаме поголеми шанси да стигнеме до победа“, рече Брестовац на неколку часа до стартот на мечот.

- Оглас -

Најнови вести