Аферим за европскиот првак, Ефес преживеа минус 15 во Москва и драматично продолжение за победа против осумкратниот шампион (Видео)

Анадолу Ефес приреди голем подвиг во Москва и победи со 99:97 во драматичен меч против ЦСКА Москва по едно продолжение.

Актуелниот првак прегрме и негатива од 15 поени разлика и серија од 18:0 на ЦСКА Москва, потоа успеа да израмни во регуларниот дел на една секунда до крајот и ги освои бодовите во дополнителните пет минути.

Мечот беше супер драматичен, а и 8-кратниот шампион на Европа, ЦСКА, можеше да победи, но не искористи напад на 11 секунди до крај за триумф.

Алексеј Швед се обиде да постигне тројка и промаши, потоа Моерман промаши две слободни фрлања за гостите, па Бубоа погоди едно од две, за победа на Ефес со два поени разлика.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1488942005304676364?s=20&t=D8Zs8KYmPbc0YGjDKUuYIQ

ЦСКА со серија од 18:0 на почетокот на третиот период поведе со 59:44 и се чинеше дека вториот најтрофеен тим во Европа со 8 титули ќе го победи актуелниот шампион.

Сепак, гостите одговорија со одлична игра и го добија мечот, кој беше еден од најдраматичните сезонава во најсилната кошаркарска лига на Стариот Континент.

Шејн Ларкин со 26 поени и Родриго Бубоа со 22 поени беа најфикасни кај Анадолу Ефес, а на мечот и во таборот на ЦСКА Москва прв стрелец беше Даниел Хакет со 31 поен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести