Фиорентина ја декласира Рома со 7-1 и им го израмни негативниот рекорд на Римјаните со највисокиот пораз во историјата на клубот, а патем и се пласираше во полуфиналето на Италијанскиот куп.
Бродоломот на гостите од Рим го најави Киеза со двата гола во првите 18 минути, но сепак ништо не навестуваше дека Рома ќе доживее катастрофа од вакви размери кога Коларов во 28-мата минута намали на 1-2.
Мјуриел со нов погодок во екстра ефикасното четврт-финале зголеми на 3-1, што беше и резултатот по првото полувреме.
Бенаси и Киеза повторно зголемија на 5-1, а Рома имаше и дополнителен проблем по исклучувањето на Един Џеко во 72-рата минута. Џовани Симеоне со два гола, во 79-тата и 89-тата минута комплетно го потопи римскиот брод и само ја запечати блескавата победа од 7-1 на Фиорентина.
https://www.youtube.com/watch?v=7VtJvqdB9tc
Рома го израмни највисокиот пораз во клупската историја, а во Фиренца сега го чекаат исходот од четврт-финалниот меч меѓу Аталанта и Јувентус. Тој меч се игра вечерва во Бергамо, а победникот ќе игра со Фиорентина за пласман во финалето на Купот.