Бројките кажуваат кој треба да изведува слободни удари во Јуве (Видео)

Кога судиите ќе досудат слободен удар за Јувентус во близина на противничкиот 16-ник, топката ја земаат Кристијано Роналдо или Миралем Пјаниќ и тие се двајцата фудбалери кои ги изведуваат слободните удари. Голманите додека го местат живиот ѕид, повеќе се плашат кога ќе им шутне Босанецот, отколку Португалецот.

Пјаниќ синоќа на гостувањето кај Наполи погоди од слободен удар и има просек од 25 проценти реализација. Во просек, Пјаниќ ја тресе мрежата еднаш од четири обиди од слободни удари. Од неговите последни 11 гола во првенството, пет беа од слободен удар и тој се наметнува како најопасен изведувач на слободни удари.

За споредба, Роналдо откако е во Јуве, уште нема дадено гол од слободен удар, иако има 22 обиди во Серија А. Но, клубот за него плати 100 милиони евра и Кристијано нема да престане да шутира, наместо почесто да му ја препушта топката на попрецизниот Пјаниќ.

Погледнете го голот на Пјаниќ од синоќешното гостување на „Сан Паоло“ во Неапол:

https://www.youtube.com/watch?v=idmqutfbD6E

- Оглас -

Најнови вести