Изненадувачки резултат по првиот дел на дуелот во Хамбург помеѓу Хрватска и Албанија. Бронзената репрезентација од последното Светско првенство и голем фаворит на денешниот натпревар, Хрватска, има негатива од 0-1 од мотивираните Албанци откако Љачи во 11-тата минута погоди со глава по центаршутот на Јасир Асани.
Хрватите во првиот дел не покажаа ништо, ја имаа топката во свои нозе, имаат посед, но без посериозни шанси да го загрозат Стракоша. На спротивната страна, Албанија, имаше уште една одлична шанса да зголеми на 2-0 и дополнително да го шокира фаворитот.