Брозовиќ го одби Ал-Наср, сега е многу блиску до трансфер во Барселона

Марсело Брозовиќ летово ќе си замине од Интер, но тоа нема да биде во Ал-Наср. Клубот од Саудиска Арабија ги договори деталите со Интер, обесштетувањето требаше да биде 23 милиони евра, но хрватскиот фудбалер ја одби нивната понуда за 20 милиони евра по сезона за тригодишен договор.

Брозовиќ е јасен дека сака да оди во Барселона и дека за првенство како тоа во Саудиска Арабија, 20 милиони евра годишно се премалку и нема да разговара за понуда помала од 30 милиони евра по сезона.

Проблем во моментов е финансиската криза и обесштетувањето што треба да го плати Барселона. Неофицијално “каталонците“ понудиле 15 милиони евра на Интер, но останува непознато дали клубот од Милано ќе ја прифати оваа сума.

Дополнително Барселона ќе има проблем и да го регистрира хрватот, бидејќи ќе мора да се ослободи од најмалку двајца фудбалери за да може да го ангажира Брозовиќ, а тоа најверојатно ќе бидат Умтити и Ленгле, па дури потоа да потпише во репрезентативецот на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести