Брозовиќ го скрши мразот, 1-0 за Интер во градското дерби (видео)

Миланското дерби конечно стана поинтересно откако во првиот дел мрежите мируваа. Марсело Брозовиќ го отвори резултатот во корист на тимот кој го предводи Антонио Конте по пет минути откако започна второто полувреме.

За погодокот на Хрватот да биде потврден реагираше ВАР-собата, а по проверката судијата Даниеле Довери го назначи голот како регуларен иако имаше сомнежи за недозволена позиција. Нероаѕурите воедно се поконкретни во градското дерби, во првите 45 минути имаа неколку добри шанси, од кои една не искористи Д‘амброзио откако од непосредна близина го погоди дирекот, а воедно беше поништен гол на Мартинес поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести