Брозовиќ си даде епски автогол, а соиграчите му фаќаат сеир (ВИДЕО)

Хрватска ја победи Малта со убедливи 7:1, и тоа на гостувањето на малиот остров.

Единствениот гол за домаќините беше автогол на Марсело Брозовиќ, кој несреќно ја погоди сопствената мрежа.

По еден центаршут, тој се обиде да ја избие топката, но по ударот со нога, таа заврши во неговата глава, по што го совлада немоќниот соиграч на голот.

Тој автоголот си го објави на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“, а коментарите од неговите соиграчи од репрезентацијата и од Интер се епски.

„Гол и асистенција, лесно“, напиша Един Џеко, додека играчот од средината на теренот, Николо Барела, беше далеку посуров и му кажа „Ова е твојот најубав гол во кариерата“.

Најмногу се издвојува коментарот на Дејан Ловрен, кој му кажа „Асистенција и гол, тоа само ретки го можат“.

Погледнете го автоголот на Брозовиќ, кој навистина е епски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести