Бруклин во плејоф, Дурант без мака си лапна милионче бонус

Бруклин нетс допатува на Флорида на доигрувањето на сезоната драстично ослабен, со отсуство на дури 8 кошаркари, но сепак успеа да си обезбеди настап во плејофот по победата против Сакраменто кингс од 119:106.

Тоа автоматски значи дека Кевин Дурант, кој не одигра ниту една минута сезонава поради повреда, ќе добие бонус од 1 милион долари.

Високото крило на Нетс има таков договор, да добива стимулациски бонус за секој успех на тимот, без разлика дали игра, или не. Важно е клубот да победува, а кошаркарите на Бруклин победуваат и без него и без Кајри Ирвинг, Деандре Џордан, Принс, Чендлер….

Карис Леверт со 22 поени го предводеше тимот до победа од 119:106, а еден поен помалку уфрли Херис. Бруклин сега може да биде и седмопласиран во регуларниот дел на табелата што се игра по скратен формат.

Прв неуспех по рестартот на сезоната во НБА лигата доживеа и актуелниот шампион Торонто репторс. Бостон ги декласира со 122:100 и им ја сопре серијата од три победи.

Сега само Феникс санс нема пораз на Флорида, каде се доигрува ова издание на НБА шампионатот.

Резултати: Бруклин нетс – Сакраменто кингс 119:106, Филаделфија 76 – Орландо меџик 108:101, Њу Орлеанс пеликанс – Вашингтон визардс 118:107, Торонто репторс – Бостон селтикс 100:122.

 

- Оглас -

Најнови вести