Бруклин со брутална акција во стилот на Харлем глобтротерс, и Харден беше изненаден (Видео)

На натпреварот помеѓу Бруклин нетс и Кливленд кавалирс од НБА-лигата, Мрежичките направија акција која е фаворит да биде број 1 на најдобри потези сезонава.

Целата акција траеше само три секунди, но вреди да се погледне повеќе пати. Најпрвин Блејк Грифин со атрактивно додавање од зад грб ја упати топката напред кон Кајри Ирвинг, овој ја префрли кон Мајк Џејмс, а довчерашниот бек на ЦСКА Москва асистираше од табла до Кевин Дурант, кој ја прифати топката во воздух и ја заби во кошот.

Џејмс Харден не играше, туку гледаше од зад кошот. Кога и тој ќе се врати на паркет, Бруклин ќе биде уште посилен и ако игра вака, ќе привлече многу фанови и ќе има добри шанси за титула.

- Оглас -

Најнови вести