Бруталната страна на фудбалот: Славеа пласман во бараж, а потоа беа шокирани (Видео)

Во Шпанија уште не се знаат сите учесници во Примера дивисион за следната сезона. Алмерија и Валјадолид синоќа се радуваа на пласман во елитното натпреварување, додека третиот патник допрва треба да биде познат.

За тоа едно место ќе се борат екипите на Еибар, Жирона, Лас Палмас и Тенерифе, а целата драма по завршувањето на последното коло во Сегунда дивисион ја доживеаја навивачите на Овиедо. Овој клуб беше на прагот да оди во плејоф-баражот за да влезе во Примера. Овиедо дома славеше со 3:2 над Ибица и играчите на овој тим беа сигурни дека се на позиција која ги носи во доигрувањето, па почнаа да слават.

Овиедо чекаше пораз на Жирона кај Бургос, а на стадионот проструи информација дека е 1:0. Сепак, набрзо стигна демант, па Жирона не загубила, туку одиграла 0:0 и Овиедо извиси, а фудбалерите и навивачите кои почнаа да слават, останаа во шок.

Еибар во полуфиналето ќе игра против Жирона, а Лас Палмас за противник го има Тенерифе.

- Оглас -

Најнови вести