Брутално: Силва со нога во глава го рогна навивачот и го онесвести (Видео)

Бруно Силва, играчот на Фигејренсе, се најде во центарот на вниманието во бразилскиот фудбал, но по еден неспортски потег. Пред крајот на средбата, Силва беше заменет, но наместо само да седне на клупата за резерви, тој започна да ги провоцира навивачите на Аива кои беа на трибината зад клупата за резерви.

Во еден момент еден навивач скокна од трибината и се стрча кон клупата на којашто седеше Силва. Во тој момент реагираше голманот на Фигејренсе, кој успеа да го сопре навивачот и го собори на земја. Во тој момент Силва реши крвнички да го шутне навивачот директно во главата.

Голманот Гледсон забележа дека навивачот е во несвест и веднаш ги сопре своите соиграчи да не удираат по немоќниот навивач.

 

- Оглас -

Најнови вести