Познатиот фризер Рикардо Маркес Фереира, познат како Кажу, бил пронајден мртов во една хотелска соба во швајцарскиот град Цирих. Собарката која влегла да чисти го пронашла Рикардо и затекнала страшна слика. Рикардо бил избоден со остар предмет и искрварел до смрт.
Рикардо ја средуваше фризурата и на Кристијано Роналдо, како и на многу други познати личности од шоу-бизнисот, а најмногу соработувал со Бразилци и Португалци. Тој се грижел и за стајлингот на фаците од џет-сетот, а не само за нивната коса.
Полицијата трага по убиецот, а неофицијално, уапсено е едно 39-годишно лице. Гости од хотелот пријавиле дека во собата имало гласно викање, а неофицијално, имало и силен непријатен мирис на алкохол. Се претпоставува дека Рикардо и пријателите кои биле во собата биле пијани, можеби и издрогирани, по што почнала кавга и сето тоа завршило со смртен случај.
Фризерот имал врски со мафијата, живеел во населба позната по проституција и дроги. Засега нема реакција од Роналдо, но оваа непријатна вест сигурно ќе го погоди.