Брутално во мирната Панонија – Со автомобил во полна брзина им влета во велосипедска трка, искрши петмина учесници

Голем инцидент се случи во Унгарија на велосипедската трка „Панонхалма“ во рамките на државното првенство, а неодговорен возач на автомобил не ги почитувал инструкциите на полицијата и со голема брзина влетал во група учесници на трката.

Едниот од нив Ѓерѓо Генци е потешко повреден и има скршена клучна коска и заврши во болница.

Останатите четворица велосипедисти во кои удрил возачот со својот автомобил имаат полесни повреди на трката што се возеше на дистанца од 166.1 километар.

Инцидентот се случил кога велосипедистите го минувале 50-от километар од трката.

 

- Оглас -

Најнови вести