Брзо го преболија поразот во финалето на ЕП: Англиските фудбалери се веселат на Миконос (Видео)

По само неколку дена од болниот пораз во финалето на Европското првенство, дел од англиските репрезентативци решија да се опуштат и да уживаат во летниот одмор. Неколку фудбалери кои беа дел од тимот на Гордиот Албион на ЕП 2020, заминаа на одмор во познатото монденско место во Грција, Миконос.

Кајл Вокер беше во главна улога на видеото кое се појави на социјалните мрежи, а во друштвото беа и Мејсон Маунт, Деклејн Рајс и Лук Шоу. Сите четворица видно весели пееја и играа во ритамот на една позната песна, покажувајќи дека го преболеа поразот во финалето на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести