Буба си одбра моќни мерцедеси во тимот – Еве го победничкиот состав на Хасани (Фото)

Ферхан Хасани се врати во составот на националниот тим на Македонија токму навреме за историскиот дуел со Косово на 8 октомври, откако не беше дел од тимот на претходните дуели поради пандемијата со корона-вирус.

Играчот на Хелсинки со интересна објава на „Твитер“ најавува атак на победа против Косово и пласман на Македонија во финалето на Сегментот Д во Лигата на нациите и меч против Грузија или Белорусија за пат на Европското првенство што ќе се игра идната година.

На денешниот тренинг се играше и на два гола, а популарниот Буба се најде во победничкиот тим. Со него во составот се и голманот Шишковски, дефанзивците Муслиу, Кире Ристевски и Алиоски, играчите од средниот ред Спировски и Барди и офанзивците Несторовски, Трајковски, Велкоски и Тричковски.

- Оглас -

Најнови вести