Буфон двапати бранеше во Скопје, а еднаш си замина гол само по гаќи! (Фото)

Џанлуиџи Буфон за 28 години кариера, речиси и да нема држава во која нема брането, а и македонската публика имаше можност да го види во живо и тоа двапати.

Славниот италијански голман кој денеска објави дека ја завршува кариерата, во Скопје првпат дојде во септември 2000 година, како чувар на мрежата на Парма, на дуел против прилепска Победа од Купот на УЕФА. Парма победи со 2-0.

Второто гостување во Скопје, Џиџи го имаше 16 години подоцна, во октомври 2016 година, во дуел на репрезентациите на Македонија и Италија од квалификациите за Светското првенство 2018.

Италија одвај победи со 3-2, со гол на Чиро Имобиле во 91-ва минута, а после мечот навивачи влегоа на терен и како сувенир, на Буфон му ги зедоа шорцевите, па тој вои совблекувална замина гол само по долна облека.

- Оглас -

Најнови вести