Буфон казнет со 5.000 евра и суспендиран на еден меч поради богохулие

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон нема да може да биде во составот на италијанскиот првак за следниот меч. Буфон е казнет со еден меч суспенција поради „богохулие“, односно пцуење на името господово за време на мечот против Парма кој се играше на 19 декември 2020 година.

„Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е санкциониран со парична глоба од 5.000 евра, како и суспензија на еден меч, поради богохулни изрази за време на дуелот против Парма“, стои во одлуката на дисциплинската комисија на италијанската федерација.

Во Италија стануваат редовни казните за оние кои ќе извршат богохулие. Пред неколку дена казна од 1.250 евра заработи тренерот на Асколи, а минатата година суспензија од еден меч доби и стратегот на Фиорентина Џузепе Јакини.

 

- Оглас -

Најнови вести