Го пцуеше Господ и доби парична казна од 1.250 евра

Тренерот на Асколи, Андреа Сотил е казнет со 1.250 евра пораци пцуење на Господ за време на мечот против Реџина. Мечот кој се играше пред еден месец, а Асколи загуби минимално со 1:0 на гостувањето во дуелот на двата тима кои се во зоната за испаѓање.

Стоил бил забележан како дури 12 пати упатил навредливи богохулни фрази и затоа беше казнет. За 12-те пцовки, казната е релативно ниска, односно во просек по 100 евра за секоја пцовка.

Во Италија, тренер за пцовки може да биде казнет ако биде забележан и на видео камера, а многумина сметаат дека тие казни треба да се укинат затоа што секој има право наслобода на говорот. За разлика од оние кои се залагаат казните за пцовки да се укинат, други очекуваат казните да бидат зголемени.

 

- Оглас -

Најнови вести