Буфон официјално потврди дека ја завршува 28-годишната кариера: Тоа беше сè народе! (Видео)

Славниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, официјално и самиот потврди дека ја завршува кариерата, нешто што уште вчера го објавија сите италијански медиуми.

Буфон на социјалните мрежи објави видео кое трае една минута, таму се некои од неговите најсреќни моменти кои ги имаше во изобилство, а испрати и порака до фановите.

„Тоа е сè народе! Завршувам тука. Ми дадовте сè. Јас ви дадов сè. Заедно ги направивме овие победи“.

Буфон кој има 45 години, кариерата ја почна и заврши во Парма, а најголемите успеси на клупски план ги имаше во Јувентус (освои 10 титули во Серија А) каде и најдолго се задржа. Со репрезентацијата на Италија го освои Мундијалот во 2006 година, а сега се најавува дека ќе биде технички директор на Аѕурите.

- Оглас -

Најнови вести